БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Оваа билка ја има во СЕКОЈА ТРЕТА МАКЕДОНСКА КУЌА, а нејзините листови се СМРТОНОСНИ (ФОТО)

Дифенбахијата е една од најпопуларните билки за домот и канцелариите бидејќи не бара многу. Билката е особено отровна за луѓе и домашни миленици доколку се проголта. Еден залак го парализира гласот, два ве парализираат вас, а три се веќе фатални.

Некои извори дури велат дека внесот може да доведе до сериозно оштетување и смрт за помалку од една минута кај деца и за помалку од 15 минути кај возрасни. Всушност, листовите, стеблото и коренот содржат токсични состојки како оксална киселина и аспарагин.

Кај луѓето во контакт со очите може да предизвика болка во окото и оштетување на рожницата на окото.

Голтањето, од друга страна, предизвикува дијареа, горење во устата или грлото, засипнат глас, мачнина, повраќање, оток, пликови на устата и јазикот. Во случај на голтање измијте ја устата со ладна, влажна крпа и дадете му веднаш млеко во поголема количина на лицето кое проголтало дифенбахија. Добра варијанта е лицето кое лапнало дифенбахија да се напие и поголема количина активен јаглен. Во случај на контакт со очите, измијте ги очите и кожата околу нив и секое место со кое сте ја допреле дифенбахијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот