Би-Би-Си: Проблеми со вакцината „Фајзер“, здравствените власти предупредуваат за алергиски реакции

Profimedia
photo: Corona vaccine. Pfizer and BioNTech

Британската агенција за регулирање на лекови и здравствена заштита, издаде предупредување до граѓаните со историја на тешки алергиски реакции да не ја примаат вакцината „Pfizer / BioNTech“ против ковид-19.

ВИДЕО: Деведесетгодишна жена од Велика Британија прва ја прими вакцината против ковид-19 на Фајзер

Имено, двајца британски здравствени работници развиле алергиски реакции откако ја примиле вакцината во вторникот, но сега се во добра здравствена состојба, пренесува „Би-Би-Си“.

Советот се однесува на оние кои имале реакции на лекови, храна или вакцини во минатото, соопшти Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи.

Извршната директорка на регулативната агенција во Велика Британија д-р Џун Рејн изјави дека не биле пријавени слични алергиски реакции за време на клиничките испитувања. Таа додаде дека внимателно е подготвен план за „постојана будност“ кога станува збор за следење на несаканите ефекти по вакцинирањето и дека за сите нови откритија и информации во врска со ова ќе ги информираат пациентите.

ФДА: Починаа шест учесници за време на тестирањето на вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, двајца примиле вакцина, четворица плацебо

 

Ваквите реакции се невообичаени, но се случуват со други вакцини, вклучувајќи ги и вакцините против сезонски грип.

Двајцата работници имале анафилактоидна рекација, многу поблага од анафилакса, која има тенденција да создаде осип на кожата, задишување а понекогаш и пад на крвниот притисок.

EPA EFE
EPA-EFE/BIONTECH

Како што е вообичаено со новните вакцини, здравствените власти советуваа на основна претпазливност особено кај луѓето со значителна историја на алергиски реакции да не ја примаат оваа вакцина, откако негативно одговорија две лица со историја на значителни алергиски реакции“, рече професорот Стивен Пауис, од Британската агенција за регулирање на лекови и здравствена заштита.

Велика Британија започна масовна постапка за вакцинирање во вторникот, а првите дози се наменети првенствено на здравствените работници, групи со висок ризик и лица постари од 80 години.

Филипче: „Фајзер“ одговори на дописот на МЗ, Македонија во директни преговори за набавка на анти-ковид вакцина од нив

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот