„Би-Би-Си“: ЕУ и Велика Британија, конечно, постигнаа трговски договор

Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Велика Британија и Европската Унија (ЕУ) денеска постигнаа согласност за трговскиот договор по Брегзит, јави „Би-Би-Си“.

– Со овој договор е испорачано се што и беше ветено на британската јавност за време на референдумот во 2016 година и на општите избори минатата година, се наведува во соопштението на британската Влада.

Во соопштението се наведува дека договорот е фантастична вест за семејствата и за фабриките во сите делови на Велика Британија.

– Потпишавме прв договор за слободна трговија заснован на нулта царини и нулта квоти, што е некогаш постигнат со ЕУ. Договорот е најголем билатерален трговски договор потпишан со која било страна. Договорот, исто така, гарантира дека не сме повеќе во лунарна привлечност со ЕУ, не сме поврзани со правилата на ЕУ, не постои улога на Европскиот суд за правда и постигнати се сите наши клучни црвени линии за враќање на суверенитетот, се истакнува во документот од британската Влада.

Исто така, се потенцира дека со постигнатиот договор Велика Британија „ќе има целосна политичка и економска независност од 1 јануари 2021 година.

– Завршивме Брегзит и сега можеме целосно да ги искористиме фантастичните можности што ни се достапни како независна трговска нација, склучувајќи трговски договори со други партнери ширум светот, соопшти британската Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот