Би-Би-Си добил 100.000 жалби за известувањето за смртта на принцот Филип

EPA
Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Би-Би-Си добил 100.000 жалби од гледачите за известувањето по повод смртта на војводата од Единбург.

Корпорацијата во петокот веднаш го расчисти дневниот програмски распоред откако беше објавена веста дека принцот Филип почина на 99-годишна возраст.

Сапунската опера „Истендерс” и финалето на натпреварувачкото шоу „MasterChef” беа  заменети со вести, додека програмата на каналот Би-Би-Си 4 (што емитува филмски, музички, документарни и забавни содржини) беше целосно прекината.

Би-Би-Си одби да го потврди бројот на поплаки што ги добил. Деталите за поплаките официјално ќе бидат објавени во четврток. Бројките треба да бидат вклучени во двонеделниот билтен на радиодифузерот за добиени жалби.

Бројка од 100.000 поплаки за известувањето за смртта на принцот Филип може програмската шема на Би-Би-Си да ја претвори во програма со најмногу поплаки во историјата на куќата.

Би-Би-Си не е единствениот медиум што ја прилагоди својата програма за соодветно покривање на смртта на принцот Филип – бидејќи и ИТВ и Канал 4 емитуваа дополнителни вести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот