Фото: Фејсбук на министерот Александар Николоски

БГНЕС за Николовски: Лицемерен партиски комичар – од омраза кон Бугарите до насмевки на Ѓуешево

По потпишувањето на договорот за изградба на тунелот што ќе ги поврзе Бугарија и Македонија, БГНЕС со критики кон македонскиот министер за транспорт и врски, Александар Николовски.

Според бугарскиот портал, останува да се види дали Македонија конечно ќе испочитува еден договор со Бугарија, бидејќи и досега виделе прва лопата, но не виделе последна.

Во текстот кој е напишан од уредникот на редакцијата за надворешна политика на БГНЕС, Димитар Русков, се вели дека за една година, македонскиот министер Александар Николоски го поминал патот од Скопје до Софија, но не преку Деве Баир. И покрај тоа што Николовски ги етикетирал Бугарите како „нецивилизирани бедници“, а неговиот шеф (Христијан Мицкоски) ја нарекол железничката врска по Коридорот 8 „лудило“, на крајот од „екскурзијата се насмевна на станицата Ѓуешево и потпиша „историски“ договор за истиот проект“.

„Се смени реториката, се смени позата пред камерите. Уникатното лицемерие на политичката „елита“ во Скопје по сите линии, дури и железницата, сепак остана непроменето“, пишува авторот.

Од првите денови на новата администрација, се вели дека Николоски бил фокусиран на агресија против Бугарија и против Коридорот 8.

„Вицепремиерот постојано инсистираше дека железничката врска до границата „нема економска логика“, дека трасата е „неизводлива“, „екстремно скапа“ и „со надуена цена“. Подоцна ја обвини Софија дека „нема проект“ и „не прави ништо“. Северна Македонија дури се обиде да ги пренасочи средствата за целиот коридор Варна-Скопје-Драч кон линијата Белград-Скопје-Солун по Коридорот 10, кој Белград го штити по секоја цена.

Николоски ја нападна не само инфраструктурата, туку и самата Бугарија. Во емисијата на Македонската телевизија „Алфа“ (финансирана од домаќинот на бегалецот Никола Груевски), тој рече дека Бугарите се „бедни“, дека домаќините во Софија се „нецивилизирани“ и дека двете земји „немаат заедничка историја, немаат заеднички корени“. Во парламентот се пофалија дека „ја смачкале Бугарија со 3:0“ по темата за Коридорот 8, а истовремено алудираа дека Софија сака да „уништи еден народ““ додава авторот.

Сепак, вели дека македонски железници официјално ги побиле тврдењата на Николоски за огромни недостатоци и „нереален“ проект. Европската комисија и европските банки јасно изјавија дека Коридорот 8 е стратешки за цела Европа, дека средствата не можат да се пренасочат кон други правци и дека Скопјe мора да ги исполни своите обврски. Брисел посочи конкретни услови и предупреди дека обидите за блокирање и маневри нема да се толерираат, наведува бугарскиот портал.

По сето ова, појавувањето на Николоски на Гуешево за новиот договор за Коридорот 8, според БГНЕС е сосема поинакво, но не и искрено.

„Кога го прашаа дали сè уште ги смета Бугарите за „нецивилизирана, бедна дружина“ и што точно се променило за да седне на иста маса со бугарскиот министер, тој се скри зад удобната суета дека „проблемите беа инженерски, а не политички“, и побрза да сврти грб кога го прашаа дали ќе се извини. Не пропушти да ги обвини новинарите за сопствената глупост.

Софија беше претставена како ѓавол, Коридорот 8 како „лудило“ и „задна уличка“, а ставот на европските институции како притисок, кој речиси води до банкрот на Северна Македонија. Да се ​​потсетиме исто така дека Србија отворено се фалеше дека го ликвидирала Коридорот 8 за своја корист, со цел да се даде приорит на Коридорот 10“ пишува во текстот.

Денес, Николоски зборува за заеднички јазик со Бугарија, за решавање на инженерските предизвици и за посветеност на изградбата на железничката врска. Што се однесува до доказите, тој не е инженер, ниту моќен политичар, туку партиски комичар. Останува да се види дали Македонија има намера да испочитува барем еден од потпишаните документи, заклучува авторот.

Подобра транспортна врска меѓу Црното и Јадранското Море – Македонија и Бугарија потпишаа договор за дел од Коридор 8

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот