Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Бездушен битолчанец крвнички ја претепал баба си и отишол во казино, таму го нашле и го уапсиле

Полицијата соопшти дека вчеравечер во Битола е уапсен 28-годишен жител на градот, кој ја претепал сопствената баба, ја оставил тешко повредена и заминал во казино, каде полицајци го нашле и го уапсиле. Тој, според МВР, ќе одговара за обид за убиство.

„На 17.01.2026 во 19:00 часот во казино лоцирано на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Р. (28) од Битола поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом во Битола, при што и нанел тешки телесни повреди. Од страна на екипа на Итна медицинска помош Битола, повредената била пренесена во Клиничка болница Битола. Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ“, велат од полицијата.

Почина битолчанката брутално претепана од сопствениот внук, кој потоа отишол во казино

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот