Зијадин Села Фото: Принтскрин

„Безбеден град“ оспорен пред Уставниот суд пред да почне да се имплементира

Крилото на Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села го оспори Законот за прекршоци пред Уставниот суд и пред воопшто да почне да функционира системот „Безбеден град“. Противуставноста на Законот според Села е бидејќи пораките кои граѓаните ќе ги добиваат за направените прекршоци не се двојазични, дека казните се испраќаат преку пораки, но и поради селективната примена на Законот само во три града.

-Поднесовме иницијатива до Уставниот суд во врска со уставноста на Законот за прекршоци кој се донесе со цел имплемемтирање на таканаречениот проект „Безбеден град“. Овој закон кој се однесува на целото население во Македонија никако не е дозволено да помине по скратена постапка. Зошто проект кој повеќе месеци се промовираше од Владата, иницијативата за законот беше предложена од пратеници. Што сака да сокрие Владата и зошто самата не ги предложи измените? Законот има многу прашања кои задираат врз рамноправноста на граѓаните – премиерот, претседателот и функционерите треба да ги почитуваат законите. Почнувајќи од премиерот сите треба да го почитуваат Законот за јазиците без оглед кој е нивниот политички став. Во Законот треба да пишува дека пораките треба да бидат двојазични. Несериозно е за една држава казна да се испраќа преку порака. Со закон не сме обврзани да носиме телефон да имаме имејл адреса, а законска должност ми е да имам адреса на место на живењење. Во спротивно ако го сменам телефонскиот број или имејл адресата ќе треба тоа да го пријавам во полиција – рече Села.

Тој додаде дека граѓаните треба да бидат еднакви пред Уставот и дека не може проектот да се имплементира само во три града.

ДУИ не го поддржа, но власта обезбеди 81 глас за „Безбеден град“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот