Без странски екипи годинава на Струшкиот турнир!

фото: фејсбук

По првото учество лани, тимот на Бутел Скопје денеска одлучи втора година по ред да игра на традиционалниот Струшки ракометен турнир.

Покрај скопската екипа, на 48. издание на турнирот би требало да играат уште седум македонски екипи: Металург, Вардар 1961, Пролет, Прилеп, Еурофарм Пелистер, ГРК Охрид и домаќинот Струга.

На отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе се играат натпреварите во периодот од 12-16 август 2020 година.

Минатата година победник на турнирот беше грчкиот состав на АЕК Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот