БЕЗ ЦЕНЗУРА: И тоа каков прекин на финалето (ВИДЕО + ФОТО)
Финалето на Лигата на шампиони меѓу Тотенхем и Ливерпул беше прекинато кон средината на првото полувреме на неколку моменти на стадионот Ванда Метрополитано во Мадрид.
Она што сите го забележавме е дека веднаш штом непознатата русокоса девојка се појави трчајки на екраните, ги крена рацете во воздух, а беше облечена во минијатурен црн костум на кој нешто пишуваше. Се разбира тука веднаш техничката подршка ја скри од фокус додека обезбедувањето ја изнесуваше од игралиштето, за мечот да може да продолжи.
Веќе се дозна дека идентитетот на навивачката е Кинси Волански, девојка на познатиот јутубер Витали Здоровецки. Витали исто како неа во 2014 влета на финалниот меч на Светското првенство, за веднаш да биде ставен на „црната листа“ со забрана да присуствува на големи спортски настани поради своите чести експлицитни испади.
Според фотографиите се испостави дека пораката на костимот е реклама за веб сајт ѕа возрасни во сопственост на Здоровецки. Она што најчесто може на истиот да се забележи е дека преовладуваат видеа кои тие ги пласираат како „експлицитни луди шеги без правила“.
Кинси Волански има над 300 000 следачи на социјалните мрежи, а следачите секојдневно ги „наградува“ со провокативни фотографии. Каналот Vitaly Uncensored има над 1.6 милијарди реализирани прегледи а позади него стои нејзиниот партнер Витали Здоровецки.