Бев во врска со Драган Бјелогрлиќ и бремена од Здравко Шкендер: Лидија Кочовска откри приказни што се ширеле за неа
Лидија Кочовска отворено прозборе за најголемата лага која ја повредила. Кога имала само 13 години, таа слушнала невистина за неа дека е бремена од познат хрватски пејач.
Препорачано
Кочовска во своето гостување во емсијата „Гламур магазин“ отворено проговори за најтешките, но и за најсмешните лаги кои ги слушнала за себе во текот на својата долгогодишна кариера. Искрена, без влакна на јазикот, таа се присети на тинејџерските денови кои биле обележани со неверојатни чаршиски приказни.
Како најтешка глупост и лага која ја слушнала за себе, Лидија ја издвои шокантната приказна од почетокот на нејзината кариера, кога во јавноста се раширил трач дека останала бремена од познатиот хрватски пејач Здравко Шкендер. Оваа невистина се појавила во периодот кога таа настапувала на фестивалот „Макфест“ со нејзиниот песната „Петко“.
„Најголема глупост, лага за која ми беше многу тешко, а имав само 13 години. Тоа беше на Макфест кога ја пеев ‘Петко’. Срамота е… тоа е период кога едно девојче може сè уште да нема ни циклус, нели… јас во јавноста излегов бремена од Здравко Шкендер! Е тоа е една лага што страшно ме разочара, ме погоди, затоа што бев дете,“ се присетува Лидија со воздишка за овој непријатен период.
Сепак, не сите озборувања кои со години кружеле низ македонската чаршија биле болни и трауматични. Лидија со насмевка откри дека имало и лаги кои на некој начин ѝ импонираат. Така ја спомена приказната која со години ја поврзувала со познатиот српски актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ.
„Слушнав и уште една лага, меѓутоа таа лага ми импонираше – дека сум во долга врска со Драган Бјелогрлиќ! Значи, има лаги што ти импонираат, а има лаги што те разочаруваат. Со Драган Бјелогрлиќ јас се немам ни запознаено лично, ама битно, според чаршијата, три- четири години сме биле во сериозна врска,“ рече Кочовска.


