Бесплатно скијање и попусти на Копаоник: Еве кога започнува сезоната
Официјалниот почеток на скијачката сезона на Копаоник е закажан за 4 декември.
Препорачано
Потоа, традиционално, на Копаоник започнува популарното скијачко отворање, кое ќе трае до 7 декември, а за сите скијачи и сноубордери првиот ден ќе биде бесплатен, пишува „Б92“.
Српските скијачки центри објавија дека од 5 до 7 декември ќе се одобрува попуст од 30 отсто на билетите што ќе се користат во тој период.
Претпродажбата на ски-карти преку онлајн продавницата ќе биде можна од 1 до 15 ноември, со попуст од 15 отсто на сите видови ски-карти купени во тој период.
По тој прв период на претпродажба, од 1 до 8 декември, попустот на ски-карти преку веб-продавницата ќе биде 10 отсто, а од 9 декември до крајот на сезоната, пет отсто.
Копаоник е еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Највисока точка е Панчиќев Врв (2.017 м).
Ова е најпопуларниот скијачки центар во Србија, со вкупно 25 жичници со сместивост од 32.000 скијачи на час. Во 1981 г. е отворен и националниот парк, кој зафаќа површина од 118,1 км2 и се наоѓа во средиштето на венецот.


