„Беше изгубен случај, јас го издржував“: Сопругата на Оливер Драгојевиќ се присети на нивните почетоци

Фото: Фејсбук/Весна Драгојевиќ

Хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ беше во брак со својата сопруга Весна цели 44 години, а плод на нивната силна љубов се тројцата синови – Дино (48) и близнаците Дамир и Давор (45).

Сопругата на музичката легенда неодамна гостуваше во емисијата „Вечерно шоу со Џулијано“ на радио „Далмација“ и, меѓу другото, таа се присети на почетоците на љубовната врска со Драгојевиќ.

Имено, пејачот во тоа време имал друга девојка, но бил воодушевен од Весна, па суптилно ја следел по „Страдун“ – главната улица во Дубровник.

„Имаше една девојка, Јелена, ја знам. Тој секојдневно ги менуваше девојките. Тој се шеташе со неа за рака, а одеше по мене. Тоа траеше десетина дена. И еден ден, го видов како седи во едно градско кафуле со една ‘никаква’. Тој ми се обрати: ‘Сињорина, вие сте ми нешто позната’. А, јас му одговорив: ‘Секако дека ме знаеш кога ме следиш веќе десет дена’“, се присетила таа на тие денови.

Фото: Фејсбук/Весна Драгојевиќ

По тој разговор, Драгојевиќ набрзо ги запознал нејзините родители.

„Тој беше изгубен случај. Дојде кај нас, јадеше кај нас, јас му ги перев алиштата, а тој беше мизерен. Имаше 62 килограми, но јас се заљубив во него“, рекла Весна, со што ги насмеала слушателите.

Фото: Фејсбук/Весна Драгојевиќ

Таа откри дека сега има многу додворувачи на социјалните медиуми.

„Ми испратија неколку предлози за брак во инбокс, па веќе не одам таму. Не отворам Фејсбук, не комуницирам со никого“, заклучи Весна.

ФОТО | Сопругата на Оливер Драгојевиќ со емотивна објава: Ти и јас, до вечноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот