Беса 1976 и Пелистер сигурни дома, Арсими го совлада Детонит во ВМФЛ

Фудбалерот на Беса 1976, Изаир Емини/фото: KF BESA Dobërdoll 1976

Во 18 коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) Беса 1976 на домашен терен со 2:0 триумфираше против Новаци. Стрелци на головите на овој меч беа Таипи и Емини.

Сигурен беше и битолски Пелистер кој со истиот резултат го надигра тимот на Саса, а триумфот го обезбедија Љамчевски и Талевски.

Екипата на Детонит Плачковица загуби на гостувањето кај Арсими со 2:1. Кај победникот два погодоци запиша Гафури, а на спротивната страна стрелаше Мемети.

Во другите денешни натпревари: Башкими – Осогово 2:1, Скопје – Кожуф Гевгелија 0:0, Охрид – Победа 1:0, Тетекс – Беласица 1:2 и Вардар Неготино – Караорман 2:0.

Табела: Беса 1976 47 бодови, Пелистер 42, Детонит Плачковица 38, Арсими 32, Вардар Неготино 27, Охрид 27, Башкими 27, Скопје 25, Кожуф Гевгелија 24, Беласица 24, Новаци 22, Тетекс 19, Победа 16, Осогово 15, Караорман 15, Саса 8.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот