Берлускони уште во 2007 година ја предвиде иднината на фудбалот

Фото: EPA-EFE/Matteo Corner

По последните случувања во светот на фудбалот, италијанските медиуми се потсетија на интервјуто кое уште во 2007 година го даде поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони.

Поранешниот прв човек на „росонерите“ кој неодамна почина беше еден од најуспешните сопственици во историјата на фудбалот. Дека Берлускони многу добро го познаваше фудбалот и случувањата во светот доказ е неговото интервју во 2007 година.

Во интервјуто Берлускони го предвидува токму она што денес се случува – Саудиска Арабија купува големи европски ѕвезди, а Италија станува како „супермаркет“.

„Англиската Премиер лигата ќе биде број еден, далеку напред пред сите. Ние заостануваме, немаме толку средства. Потоа Арапите ќе влезат во фудбалот, додека ние ќе немаме никаква привлечност. Нема инфраструктура, ниту нови стадиони, ние заостануваме 30 години.

„Знаете ли дека Арапите градат цели градови во пустина? Тие се многу економски силни и нема да застанат. Сигурно ќе влезат во светот на фудбалот. Што нудиме ние? Ако Владата не интервенира, ќе станеме како супермаркет. Во Англија се поттикнуваат децата да играат фудбал така што им се обезбедуваат финансиски средства уште во академијата. Тоа го правата и во Германија, кај нас нема ништо“.

„Кога зборувам за овие работи луѓето мислат дека сум луд, но јас само ја гледам иднината и да бидам искрен иднината на италијанскиот фудбал во овој момент е многу мрачна“, зборуваше тогаш Берлускони.

Колку се што кажа Берлускони е точно покажува тоа што Интер уште од 2010 година е последниот тим кој ја освоил Лигата на шампионите. Потоа Јувентус играше две финалиња, но двете ги изгуби.

Во изминатата сезона Италија имаше три финалисти во Лигата на шампионите (Интер), Лигата на Европа (Рома) и Конференциската лига (Фиорентина), а сите ги загубија своите натпревари. Истовремено богатството на англиските клубови е се поголемо, додека сите гледаме што прават клубовите од Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот