Белоруското КГБ: Полски разузнавачки агенти се вклучени во саботажата против рускиот авион А-50

Белоруско знаме
Белоруско знаме / Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Комитетот за државна безбедност (КГБ) на Белорусија денеска соопшти дека наводно агенти на полското разузнавање од редовите на „бегалците Белоруси“ биле вклучени во подготовката на саботажа против рускиот авион А-50 на аеродромот во Мачулишчи во близина на Минск.

„Резултатите од прелиминарната истрага доведоа до заклучок за вмешаност на полски разузнавачи во подготовка на терористички напад во Белорусија. Агентите на специјалната разузнавачка служба на Полска, кои потекнуваат од белоруски бегалци и го поддржуваат насилното уривање на Уставот на Белорусија, активно учествуваа во настаните што се случија во август 2020 година“, рече Константин Бичек, заменик-шеф на истражниот оддел на КГБ.

На крајот на февруари беше објавено дека бил нападнат аеродромот Мачулишчи и дека далечинскиот радар за набљудување и контрола на извидувачкиот авион А-50 на руските воздушни сили претрпел значителна штета.

Подоцна белоруска телевизија објави снимка од тој авион, но во добра состојба. Снимките го покажуваа леталото и на писта и во лет.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко претходно денеска потврди дека агент на украинската специјална служба и над 20 негови соучесници биле приведени во Белорусија поради нивна наводна вмешаност во обидот за саботажа на авионот А-50 на аеродромот Мачулишчи во близина на Минск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот