Белингам најскап фудбалер во светот, Мбапе не е ниту во топ 20
Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) ја објави листата на најскапи фудбалери во светот, а на врвот се најде ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам.
Препорачано
Младата ѕвезда на „кралевите“ е проценета на 267.5 милиони евра. На второто место зад Белингам се наоѓа напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд вредност oд 251.2 милиони евра, додека трет е Винисиус Жуниор од Реал Мадрид со 250.3 милиони евра.
На четвртото место е уште еден фудбалер на Реал Мадрид, Родриго Гоеш (247.9 милиони евра). Последен во топ е Букајо Сака со 223 милиони евра.
Интересно е што напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе не е ниту во топ 20 најскапи фудбалер. Главната причина веројатно е неговиот краток договор кој истекува за шест месеци. Мбапе е проценет на 106.2 милиони евра.
Комплетната листа за најскапите 100 фудбалери на ЦИЕС можете да ја погледнете – ТУКА.
ТОП 10 НАЈСКАПИ ФУДБАЛЕРИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ЦИЕС:
251,2 – Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)
250,3 – Винисиус Јуниор (Реал Мадрид)
247,9 – Родриго Гоеш (Реал Мадрид)
223,0 – Букајо Сака (Арсенал)
195,8 – Фил Фоден (Манчестер Сити)
175,4 – Пабло Гави (Барселона)
164,7 – Хулијан Алварез (Манчестер Сити)
152.4 – Џамал Мусиала (Баерн Минхен)
150,6 – Мартин Одегард (Арсенал)


