Белгиски предизвик за Ѓорче Петров во третото коло од Европскиот куп

По двете победи над црногорскиот Тиват, македонскиот женски ракометен клуб Ѓорче Петров денеска со жрепка во Виена го доби противникот во третото коло од Европскиот куп.
За пласман во осминафиналето нашиот претставник ќе се соочи против Ојпен од Белгија.
Белгијките на стартот од натпреварувањето во првиот меч дома го совлада Жалгирис Каунас (36:27), а на реваншот во Литванија загуби со 27:29.
Првите натпревари од третото коло ќе се играат на 11/12 ноември, а возвратните дуели на 18/19 ноември 2023 година.
Холандскиот Венло кој го елиминираше ЖРК Чаир за ривал го доби тимот на Криваја од Босна и Херцеговина, а швајцарскиот Херцогенбуше кој беше подобар од ЖРК Куманово, во следната фаза ќе се соочи со Ајдовшчина од Словенија.