Белгија во меч со седум гола го совлада Велс, Македонија лидер во групата Ј
Денеска во Брисел доста интересен натпревар одиграа фудбалските репрезентации на Белгија и Велс во кој домаќините триумфираа со 4:3 во квалификациите за Светското првенство 2026.
Препорачано
Во 15 минута поведе белгиската селекција со голот на Лукаку од пенал, потоа за 2:0 стрелаше Тилеманс, а во 27 минута веќе беше 3:0 благодарение на погодокот на Доку.
Пред крајот на првото полувреме (45+7`) гостите намалија преку Вилсон кој беше прецизен од белата точка.
Велшаните продолжија да напаѓаат, па така во 51 минута намалија на 3:2 со голот на Томас, а во 70 минута успеаја да израмнат преку Џонсон.
Во 88 минута Белгија дојде до победата со голот на Де Брујне по асистенцијата на Тилеманс. Ова беше прва победа за Белгија во мундијалските квалификации.
Квалификации за Светско првенство 2026
Група Ј
Понеделник, резултати:
Казахстан – Македонија 0:1
Белгија – Велс 4:3
Табела:
1. Македонија 8 бодови
2. Велс 7
3. Белгија 4
4. Казахстан 3
5. Лихтенштајн 0
Следни натпревари:
4 септември 2025
16.00 часот Казахстан – Велс
20.45 часот Лихтенштајн – Белгија
7 септември 2025
18.00 часот Македонија – Лихтенштајн
20.45 часот Белгија – Казахстан


