Белгија како колонизатор извршила злосторства против човештвото — ќе им плаќа отштета на жени киднапирани како деца од Конго
Белгискиот Врховен суд ја потврди пресудата со која белгиската држава е прогласена за одговорна за злосторства против човештвото извршени за време на колонијалниот период во Конго. Како последица на тоа, Белгија мора да обесштети пет жени-жртви на политики на расна сегрегација и на киднапирање, пишува Демократа.
Препорачано
Одговорноста на Белгија во овој случај веќе беше утврдена со пресуда донесена во декември 2024 година, но владата одлучи да поднесе жалба. Таа жалба сега е одбиена од повисокиот суд, кој целосно ја потврдува претходната одлука.
Ова е првата пресуда против европска држава во корист на жртвите на колонизацијата. Постапката ја покренаа пет жени со мешано потекло кои, како деца, биле насилно одземени од нивните семејства.
Судот во Брисел, кој ја донесе првичната одлука во 2024 година, ги опиша настаните како „одвојување на малолетници пред да наполнат седум години, а по наредба на белгиската држава за барање и киднапирање деца родени од црна мајка и бел татко“.
„Станува збор за нечовечки дејства и прогон кои претставуваат злосторство против човештвото според принципите на меѓународното право“, стои во пресудата.
Како последица, судот ѝ наложи на белгиската држава да исплати по 50.000 евра на секоја од тужителките како надомест за претрпената морална штета, која произлегува „од губењето на врската со нивната мајка и штетата врз нивниот идентитет и врската со нивната заедница на потекло“.
Суд ја прогласи Белгија за виновна за „злосторства против човештвото“, киднапирала деца од Конго


