Фото: скриншот

Белата куќа вели дека Трамп сѐ уште не дал амин за предлогот за примирје со Иран

На прашање за извештаите за можен предлог за 45-дневно примирје во војната со Иран, висок претставник на Белата куќа повика на претпазливост во известувањето колку тој предлог навистина е конечен, објави „Ен-би-си њуз“.

— Тоа е една од многуте работи за кои се разговара и претседателот сè уште не дал согласност за таа идеја — рече претставникот.

Иран и САД добиле план за запирање на непријателствата, кој би можел да стапи во сила в понеделник и да доведе до повторно отворање на Ормускиот Теснец, рече извор за „Ројтерс“.

Трамп го одложи ултиматумот до Иран „за вторник во 20 часот по вашингтонско време“

Според изворот, Пакистан подготвил рамка за прекин на непријателствата и ја доставил до Иран и до САД. Рамката наводно предвидува двостепен пристап: итен прекин на огнот, па сеопфатен договор.

„Аксиос“ вчера прв објави дека САД, Иран и регионалните посредници разговараат за можен 45-дневен прекин на огнот како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната, повикувајќи се на американски, израелски и на регионални извори.

Изворот за „Ројтерс“, пак, изјави дека началникот на пакистанската армија, фелдмаршалот Асим Мунир, „целата ноќ“ во неделата за понеделникот бил во контакт со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Ликвидиран шефот на иранската разузнавачка служба

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот