Белата куќа го отфрла повикот на СЗО за прекин на ревакцинацијата

фото Архива
Белата куќа го отфрли повикот на СЗО за прекин на третата доза на вакцината против Ковид-19, оценувајќи дека САД не треба да бираат помеѓу давање трета доза на своите граѓани и донирање на вакцините на трети земји.
– Тоа е погрешна алтернатива. Сметаме дека можеме да ги направиме и двете и дека не треба да избираме помеѓу вакцинирање на Американците, што се уште не е официјално планирано, и помагање на сиромашните земји, рече Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа, коментирајќи го повикот на СЗО. 

 

Таа потсети дека САД веќе дистрибуирале повеќе од 100 милиони дози вакцини на посиромашните земји, што е повеќе од донациите од сите други земји во светот заедно.

САД се уште немаат донесено одлука за ревакцинацијата, а Германија и Израел одлучија да го сторат тоа, пред се за постарите граѓани.

СЗО вчера повика да се стави крај на ревакцинацијата со трета доза, барем до крајот на септември, за да им се дадат повеќе вакцини на посиромашните земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот