Белата куќа го нарече Марк Хамил „болна личност“ по објава со Доналд Трамп во ковчег
Марк Хамил, ѕвездата на филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), се најде во центарот на критики откако на негов профил на социјалните мрежи беше објавена фотографија генерирана со вештачка интелигенција на која Доналд Трамп е прикажан во ковчег.
Препорачано
На фотографијата Трамп е прикажан со затворени очи, покрај надгробен споменик со натпис „Доналд Трамп 1946–2024“, опкружен со цвеќиња и со пораката „Да беше барем така“.
Хамил, кој го играше ликот на Лук Скајвокер во оригиналните филмови од „Војна на ѕвездите“, напиша дека Трамп „треба да живее доволно долго за да го доживее својот неизбежен политички пораз и да одговара за својата корупција“.
„Доволно долго за да сфати дека во историските книги засекогаш ќе биде запаметен со срам“, додал актерот.
Белата куќа остро реагирала на објавата, нарекувајќи го Хамил „болна личност“.
„Овие радикални левичари едноставно не можат да си помогнат“, стоело во реакцијата објавена на платформата Икс.
Во соопштението се наведува и дека ваквата реторика „инспирирала обиди за атентат“ врз американскиот претседател.
Подоцна, Марк Хамил ја избриша фотографијата и се обиде да ја разјасни својата намера.
„Всушност му посакав спротивно од смрт, но се извинувам ако фотографијата делува несоодветно“, напишал тој.
.@MarkHamill is one sick individual.
These Radical Left lunatics just can’t help themselves.
This kind of rhetoric is exactly what has inspired three assassination attempts in two years against our President. pic.twitter.com/daJqcyssm7
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) May 7, 2026


