Бела кокошка прекина фудбалски меч! (ФОТО+ВИДЕО)

Поради бела кокошка беше прекинат фудбалски меч кој што се играше во рамките од холандската лига.

Херенвен гостуваше кај тимот на Хераклес, а вовед во натпреварот понуди протестот на домашните навивачи кои на теренот фрлаа јајца.

https://twitter.com/fotos_ultras/status/1157961042682626052

Причина поради таквиот протест беше промената на името на стадионот, па така Полман Стадион доби ново спонзорско Ерве Асито.

Домашните фанови не запреа само на јајцата, па натпреарот во првото полувреме мораше да биде прекинат поради бела кокошка која се најде на теренот.

После краткиот период дуелот продолжи, а гостите на крајот триумфираа со конечен резултат 4:0 на стартот од фудбалскиот шампионат во Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот