Бектеши: Проектите за гасификација се одвиваат со планираната динамика

Министерот за економија Крешник Бектеши, во Топ Тема на „Телма“ телевизија, најави дека за кусо време ќе биде објавен оглас за јавно приватно партнерство за изградба на гасификациска дистрибуциска мрежа во градовите каде поминуваат краците.

-Проектите за гасификација моментално се реализираат согласно предвидената динамика, има реализација над 70 отсто и во кракот од Скопје до Тетово и при крај е со кракот до Битола, до Неготино е завршено. Моментално како Министерство и како Влада, работиме да ги споиме регионите, а за кратко време ќе објавиме и јавен оглас каде што сите заинтересирани страни преку јавно-приватно партнерство ќе може да аплицираат и да почнат да ја градат дистрибутивната мрежа низ градовите каде што поминуваат- рече Бектеши во Топ Тема на Телма.

Тој верува дека примарната инфраструктура ќе биде потполно во сопственост на државата, а оти за дистрибутивните мрежи повторно ќе се прашаат и општините, иако како што вели, на претходните писма добиле одговор само од неколку општини.

-Мојот став како министер за економија тоа да оди преку јавно приватно партнерство имајќи во предвид дека повеќе од општините немаат капацитет да го спроведат овој проект. Ние пред неколку месеци пративме писмо до сите општини, добивме повратно писмо само од една или две општини што е несериозно за имајќи во предвид дека една од стратешките проекти во нашата држава- рече министерот за економија.

Тој вели дека за ова имаат различми ставови во коалицискиот партнер во однос на јавно приватно партнерство со една или повеќе фирми.

-Согласно студиите што се направени и сите соодветни анализи, а имајќи ги предвид и капацитетите што ги имаат општините, не е баш лесен процес да се изгради дистрибутивна мрежа низ општините каде што треба да се вклучат сите домаќинства, а не само јавните институции или пак индустријата- рече тој.

Додаде дека затоа ќе продолжат разговорите како да се изгради таа дистрибутивна мрежа која во некои општини треба да изнесува и до 30 – 40 километри.

-Ние не инсистираме на една фирма да биде избрана. Ние мислиме дека побрзо и поефикасно тој проект би се реализирал преку јавно приватно партнерство. Ако тоа го оставиме на општините и секоја општина да има свое јавно претпријатие кое ќе се занимава со оваа дејност, јас мислам дека тоа ќе трае со декади- истакна министерот за екомонија Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот