Бектеши: Одлуката за раскинување на концесиите за „Иловица Штука” е соодветна

Фото: МИА

Министерството за економија постапи согласно законите за минерални сурвини и за јавно-приватно партнерство, во моментот кога и предложи на Владата да се раскинат концесиите за „Иловица Штука”, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Ние уште не сме добиле писмо од Управниот суд. Тие имаат забелешки во постапката на Второстепената комисија која постапува согласно жалбите. Во моментот кога формално ќе го добиеме писмото секако дека ќе се жалиме на одлуката, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој им препорача на Комисијата и на Второстепената комисија да ги искористат сите можности за да се жалат, бидејќи, како што рече, сигурен е дека донеле соодветна одлука кога предложиле да се раскине концесијата со Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје. за рудникот „Иловица Штука”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот