Бектеши: 15 милиони денари од Буџетот ќе се користат за набавка на алати за занаетчиите

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на состанок со претставници од Секцијата на фризери при Занаетчиската комора на Скопје ги претставил мерките за поддршка на занаетчиите и самостојните вршители на дејност преку Министерството за економија, како и финансиската поддршка од четвртиот сет на мерки кои што ги донесе Владата. 

По донесувањето на ребалансот на Буџетот, Министерството за економија од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) ќе објави Јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчии при што се предвидува надоместување на 60 проценти  од трошоците или максимум 30.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант. За оваа намена од Буџетот на Министерството за економија се предвидени 15 милиони денари, информираше министерот Бектеши.

Како што соопшти Министерството за економија,  Бектеши најавил и дека од 1 јануари следната година ДДВ на занаетчиски услуги ќе се намали од 18 проценти на 5 проценти, а предлогот веќе е доставен до Собранието.  

На занаетчиите и на самостојните вршители на дејности, како што посочи министерот и натаму им остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до бескаматните кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот