Фото: KF Shkëndija/x

Беќири: Задоволни сме, но оваа Шкендија може и подобро

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, изрази задоволство по најновиот европски настап на тетовскиот тим, нагласувајќи дека клубот со скромни амбиции ја започнал европската авантура, но со желба постепено да напредува и да освојува важни бодови.

„Секако дека сме задоволни, ние со скромни амбиции почнавме во Европа, па сакам така и да продолжиме. Бодовите во Европа се многу важни, затоа што одат во корист и на целата лига“, изјави Беќири, додавајќи дека моменталната форма на екипата не е на највисоко ниво.

„Сепак, треба да кажеме дека оваа Шкендија не е најдобрата и се надевам дека во наредните натпревари ќе одиграме подобро за да дојдеме и до нови бодови. Среќата ги следи храбрите – денеска беше на наша страна, но ние работиме секојдневно и ја заслуживме таа среќа“, додаде стратегот на тетовци.

Беќири истакна дека победата има особена тежина ако се знае дека противникот е тим со квалитет и резултати во Европа.

„Игравме против квалитетна екипа која ја победи и Риека и одигра реми со Хакен. Не треба да се мисли дека во Европа има лесни бодови“, порача тренерот.

Воедно, тој се пожали и на состојбата на теренот на арената каде што се одигра натпреварот.

„Навистина ми е жал што во овој момент состојбата на теренот беше лоша, па моравме да играме на таков терен“, заврши Беќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот