Беќири: Шкендија е подготвена за предизвикот, очекувам да се радуваме против пред нашите навивачи
Како и за сите други екипи, заврши паузата и за актуелниот шампион Шкендија, и сега уште на стартот од пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига следува домашен натпревар против Струга Трим Лум.
Препорачано
Тетовските „црвено-црни“ поминаа подготвителен период во Анталија, Турција каде што преку тренинзи и пријателски мечеви ја темпираа формата за атак кон одбрана на титулата во домашниот шампионат.
Тренерот на екипата, Јетон Беќири е задоволен од сработеното на подготовките, и вели дека екипата е подготвена за предизвиците во пролетниот дел, со надеж дека тимот добро ќе ја почна втората полусезона:
– Подготовките ги оценувам позитивно. Единствено времето во Анталија беше лошо во текот на целиот престој, но тоа беше пречка за сите тимови кои се подготвуваа таму. Важно е што ги одигравме сите четири предвидени пријателски натпревари. Нашата цел беше да им дадеме минути на сите играчи и да нема повреди. Задоволен сум од напредокот на тимот, мислам дека сме во добра форма и се надевам дека првенството ќе го почнеме добро. Тимот е подготвен. Немаше многу промени во екипата. Верувам дека тимот е комплетен и подготвен да одговори на првенствените, Куп и европските натпревари. Секој натпревар за нас во пролетниот дел е важен, и верувам дека добро ќе одговориме на секој предизвик – рече Беќири.
За првиот натпревар во вторник (14.00 часот) против Струга ТЛ, Беќири очекува неизвесен, квалитетен и тврд натпревар:
– Одиграа квалитетно во есенскиот дел, и беа ми се чини најдобрата екипа до квалитет. За нас е некој нов почеток, ќе дадеме се од себе да се радуваме пред нашите симпатизери. Секако дека ги анализиравме, играат добро, некои играчи играат заедно и навистина очекувам да видиме убав и тврд натпревар – вели Беќири.


