Бекам донесе две ѕвезди на Јувентус во својот Мајами

twitter/juventusfc

Дејвид Бекам е еден од основачите на Интер Мајами, екипа која се натпреварува во најсилната лига во САД, МЛС лигата.

Поранешниот англиски репрезентативец вети дека во Интер Мајами ќе донесе големи фудбалски ѕвезди и си остана на зборот.

Иако се зборуваше за Давид Силва и Луис Суарез, Бекам успеа да ангажира еден од најдобрите напаѓачи во изминатата деценија и еден репрезентативец на Франција, актуелниот светски шампион.

Блез Матуиди веќе извесен период е член на Интер Мајами, а денеска му се приклучи соиграчот од Јувентус, Гонзало Игуаин.

Игуаин вчера и конечно си замина од Јувентус откако се соласи на спогодбен раскин на договорот, а денеска веќе е претставен како нов фудбалер на тимот на Интер мајами.

Гонзало Игуиан професионалната кариера ја започна во Ривер Плата, а во 2007 година доаѓа во Европа и тоа во тимот на Реал Мадрид за кого играше пет години и забележа 264 настапи и 121 гол.

Потоа се сели во Наполи каде на 146 натпревари даде 91 гол, а во 2016 година потпишува за Јувентус. Во дресот на „старата дама“ забележа 148 настапи и постигна 66 гола, а дел од времето го помина и на позајмица во Милан и Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот