Беџети од „Огнената група“: Ќе делуваме како фракција, министрите на ДУИ ја узурпираа партијата

Челниците на таканареченета „Огнена група“ ја напуштија седницата на Централното претседателство на ДУИ. Најавија дека ќе делуваат како фракција оти како што рече Блерим Беџети организациониот секретар на партијата, разликите се големи и од организациски аспект внатре во ДУИ, но и во однос на дебатата за програмските определби. Тој се пожали дека внатре во ДУИ немале реални можности за дебата, а се користеле тројни аршини за одредени исти и слични прашања.
Од денеска ние ќе имаме наши ставови, бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ, посочи Беџети.
„Бидејќи имаме разлики, значи ќе имаме наше политичко делување оти сметаме дека министрите ја узурпирале партијата со своите одлуки. Тоа што е надлежност на партијата преминува во надлежност на членовите на Владата и тука да се разбереме не се само кадровските прашања, тоа се сепак релевантни значајни прашања, но, зборуваме и за програмските определби на ДУИ. Дали ќе бидеме во органите на партијата?, за тоа сепак не избрал друг орган.Ние ќе делуваме како фракција, се разбира ќе ги информираме сите бази и структури со кои деновиве ќе најдеме начин да се собереме за да ги информираме сите структури оти се многу и ќе продолжиме да градиме ставови за политички теми, како и за економски и социјални, рече Беџети.
„Огнените“ заминаа посочувајќи дека не се разрешени, а седницата на Централното претседателство на ДУИ се уште трае.