Беџети: Албанската опозиција во Собранието докажува дека е достоен заштитник на интересите на граѓаните

Портпаролот на Алијансата за Албанците, Флакрон Беџети во изјава за „Слободен печат“ вели дека албанската опозиција во Собранието докажува дека е достоен заштитник на интересите на граѓаните, во прв ред на нејзините гласачи.

– Албанската опозиција со својата конструктивност дава перманентна поддршка за носење на законите кои се во интерес на граѓаните и државата. Иако парламентарното мнозинство не секогаш е коректно со опозицијата, и кога нема да обезбеди доволно мнозинство во парламентот прстот го вперува кон опозицијата. Значи што повеќе се прифаќаат предлог закони и амандмани на опозицијата, толку повеќе опозицијата ќе биде конструирана. Кога се зборува за законите кои се поврзуваат со благосостојба на граѓаните и интересите ние сме тука за да ја поддржуваме Владата, без трошка сомнеж, вели Беџети.

Партиските политики не може да бидат наметнати на државно ниво со локално дејствување

Бугарското вето може да ги „распакува“ Македонија и Албанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот