Баскет Кам со голема победа над Партизан го заврши настапот во ВАБА Лигата

фото: КФСМ

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 го освоија деветтото место на своето премиерно учество во женската Јадранска Лига откако вечерва го совладаа совладаа Партизан со 113:95 по продолженијата.

Актуелниот македонски шампион успеа да ја надополни негативата од 15 поени од првиот натпревар (71:86).

По израмнетото прво полувреме и трета четвртина, кошаркарите на Баскет Кам одиграа одлично во четвртата четвртина и славеа со 99:84 по што мораше да се одигра продолжение од пет минути.

Во дополнителните пет минути домашните кошаркарки беа подобри и на крајот славеа со 113:95 што значеше освојување на деветтото место во ВАБА лигата во својот премиерен настап.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот