Баскет Кам 2011 ја одбрани шампионската титула и ги обедини трите круни

фото: kfsm.mk

Баскет кам 2011 е ново-стар шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција, откако во третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот во Првата кошаркарска лига, уште еднаш беа подобри од Вардар.

По двете победи на свој терен во Македонска Каменица, кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска славеа и „Под Кале“. Уште еднаш, доста тешко, но заслужено, со резултат (77:74), за максимални (3-0) во серијата.

Во третиот меч за победничката екипа 23 поени и 12 скокови запиша Кметовска, одлично издание имаше и Зубац, која постигна 24 поени, додека капитенот Поп Димитровска, освен добрата игра во одбраната, помогна со 12 поени во нападот.

Своето одлично второ полувреме Димитријевиќ го заокружи со 20 поени, плус шест скока и пет асистенции. По 15 поени за Вардар постигнаа и Зафировска односно Матие, додека пред да ја направи петтата лична грешка, Наков даде десет.

На тој начин, Баскет кам 2011 стигна до еден историски подвиг кога станува збор за македонската женска кошарка. Како прва екипа на која и пошло до рака да ги обедини трите круни.

Покрај онаа во Супер купот, потоа и во Купот на Македонија, стигна и шампионската, највредната. Трета за клубот од Македонска Каменица во последните четири години, со што ја потврди доминацијата во женскиот сегмент на нашата кошарка.

фото: kfsm.mk

Цветанка Димова е најкорисниот играч на финалната серија

Имаше навистина одлични изданија во текот на трите натпревари во оваа финална серија на плеј-фот во женска конкуренција. И сосема заслужено, Цветанка Димова беше прогласена и за најкорисен играч на финалето на плеј-офот во кое сериозно му помогна на својот тим, Баскет кам 2011 да ја одбрани шампионската титула. Особено доминантни беа нејзините изданија на првите два меча од финалето, кога практично го одбрани домашниот терен. А играта на ново-стариот шампион не може(ше) да се замисли без нејзиното присуство на теренот и на третиот, и решавачки меч во серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот