Барселона го договори капитенот на Челси

Сесар Аспиликуета до крајот на сезоната има важечки договор со Челси/ фото: EPA-EFE/Tim Keeton

Капитенот на Челси и шпански репрезентативец Сезар Аспиликуета по завршување на сезоната, ќе се пресели во Барселона, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Договорот на Аспиликуета завршува во јуни и според весникот, Барселона го искористила тоа и стапила во контакт со претставниците на фудбалерот и според „Спорт“се е договорено, но се чека крајот на сезоната за да се официјализира потписот.

Аспиликуета во Челси дојде во 2012 година од Олимпик Марсеј, а ова му е трета сезона во која е капитен на англискиот премиерлигаш за кого досега одигра 458 натпревари и постигна 15 гола.

Покрај Аспиликуета, Барселона сака да ангажира уште еден дефанзивец на Челси и тоа по истиот рецепт, Андреас Кристенсен. Договорот на Кристенсен истекува на крајот од сезоната и Данецот ги одби сите понуди на Челси за продолжување на соработката бидејќи сака нов предизвик во кариерата. Покрај Барселона, сериозен интерес за Кристенсен пројавуваат и Баерн Минхен и Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот