Барселона е последниот учесник на Ф4 во Келн

epa09216109 FC Barcelona's players celebrate after defeating Meshkov Brest in their EHF Champions League quarter final second leg match at Palau Blaugrana in Barcelona, Spain, 20 May 2021. EPA-EFE/QUIQUE GARCIA

Ракометарите на Барселона очекувано обезбедија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите кој ќе се игра во Келн.
Каталонскиот тим и во двата натпревари ја оправда улогата на фаворит против Брест Мешков, а во реваншот кој се играше во Барселона славеше со убедливи 40:28. Мортенсен со седум гола беше најпрецизен кај Барселона, а одлична партија прикажаа уште и Гомез Абело со шест гола и Јанц и Дика Мем со по пет голови. Во тимот на Брест Мешков, Ваилупау беше најпрецизен со седум гола.
Барселона им се приклучи на Алборг и француските Нант и ПСЖ кои на Ф4 турнирот во Келн ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите.

Видео на денот