Барселона добива зелено светло – против Билбао ќе игра пред 45.000 гледачи на „Камп Ноу“
Барселона официјално соопшти дека натпреварот од 13. коло во Ла Лига против Атлетик Билбао ќе се одигра на 22 ноември, со почеток од 16:15 часот, на реконструираниот Ноу Камп.
Препорачано
Клубот доби прва административна дозвола што одговара на Фаза 1Б, со што е овозможено отворање на дел од трибините и прием на вкупно 45.401 гледач за овој дуел.
„Оваа дозвола ја опфаќа целата зона на страничната трибина и се надоврзува на веќе издадената дозвола за Фаза 1А, која ги опфаќа Главната и Јужната трибина. Клубот продолжува да работи и на Фаза 1Ц, со цел да се овозможи продолжување на активностите на Северната трибина“, стои во клупското соопштение.
Реконструкцијата на легендарниот стадион започна во јули 2023 година. Додека траат градежните работи, Барселона ги играше своите домашни натпревари на Олимпискиот стадион. По завршувањето на целосната обнова, Ноу Камп ќе има капацитет од околу 105.000 седишта, што ќе го направи еден од најголемите и најмодерни стадиони во Европа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


