Барса не жали што го продаде Малком (ФОТО)

twitter.com/goal

Иако имаше „само“ 15 натпревари (едвај над 600 минути на терените), постигна еден гол во „Ла Лига“ и запиша две асистенции, Барселона успеа да го продаде за добра сума.

Според „Мундо депортиво“, Русите за крилниот напаѓач платија 40 милиони евра, плус уште пет како бонуси. Практично за истите пари челниците од „Камп Ноу“ го ангажираат фудбалерот од Бордо.

На тој начин Малком (чии бонуси се активираат) стана најскапиот играч во историјата на Зенит (Хулк и Витсел се платени по 40 милиони), а со самото тоа и еден од најскапите во историјата на рускиот фудбал.

Бразилецот со тие 45 милиони изби на четвртото место на листата најдобри продажби на каталонскиот гигант, пред него се Нејмар (222), Луиш Фиго (60) и Паулињо (47,5).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот