Барнет: Каква Премиер лига, Бејл и натаму ќе биде во Реал!

twitter/Talking THFC

До прекинот на оваа сезона поради пандемијата на коронавирус, велшкиот интернационалец запиша 18 натпревари за шпанската екипа, со три голови и две асистенции.

Агентот на играчот на „кралскиот“ клуб, Џонатан Барнет вели дека Велшанецот нема да се врати во најсилното англиско првенство.

Како што и знаете според моите изјава, Герет Бејл е среќен во Мадрид, тука е неговиот дом. Зошто да размислува за продолжување на кариерата на друго место. Тој освои многу трофеи, скоро сè, со исклучок на меѓународните турнири. Да, негово враќање би било нешто големо во Премиер лигата, но тој и натаму ќе биде во дресот на Реал Мадрид – се зборовите на Барнет за „Goal.com“.

До прекинот на оваа сезона поради пандемијата на коронавирус, велшкиот интернационалец запиша 18 натпревари за шпанската екипа, со три голови и две асистенции.

Според „Трансфермаркт“ моментно вреди 32 милиони евра, воедно од претходно се шпекулира дека би можел наскоро да биде дел од новиот „проект“ на Њукасл.

Дури имаше и гласини за негов трансфер во Кина, но и покрај помалата минутажа моментно играчот ужива во одличниот договор со „кралевите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот