Барди: Нема фаворити во денешниот фудбал, наше е да работиме како тим
Најдобрите македонски фудбалери се подготвуваат за првиот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Препорачано
В сабота од 15.00 часот во Вадуц прв противник ќе ни биде селекцијата на Лихтенштајн.
Селекторот Благоја Милевски вели дека може да се оствари триумф на ова гостување само ако неговите играчи одиграат на максимално ниво.
Своите очекувања ги сподели и капитенот на националниот тим, Енис Барди:
– Доста добро се подготвувавме овие денови, сакаме да го продолжиме тој победнички менталитет. Сите сме свесни што нѐ очекува, и дека се многу важни натпревари, и силни натпревари. Дај Боже, утре биде нов почеток за сите нас и да ја однесеме Македонија каде што сите сонуваме.
Во денешниот фудбал нема фаворити, нема кој дел на игра на кој можеш да си посилен или послаб. Нашето е да работиме како тим, и после некои детали што можат да даваат додатни позитивни работи, тоа е индивидуално. Најважно е да освоиме три бодови, и бидеме блиску до целта што ја имаме – се зборовите на Барди.
Најдобрата македонска репрезентација нема пораз во последните шест натпревари, со учинок од пет победи и едно реми.


