Банкротираше бренд кој постои два века и кој беше одговорен за облекувањето на 40 претседатели

„Brooks Brothers“ ја отвори својата прва продавница во 1818 година во близина на „Wall street“.

„Brooks Brothers“, производител на машка облека кој постои 200 години и кој во своето постоење облекувал 40 американски претседатели поднесе барање за банкрот. Тој е познат и како омилен бренд на банкарите и брокерите од „Wall street“.

Компанијата која е во приватна сопственост извесен период се бореше со пазарот имајќи предвид дека деловната облека во последниот период стана се полежерна, а секако тука е и влијанието на корона вирусот, кој ја запре побарувачката за одела.

Голем број работници работат од дома и тие се одлучуваат за лежерен и опуштен изглед кој предвидува носење на маички и тренерки, а не одела шиени по мерка.

– Иако пандемијата сериозно ги наруши изгледите за опоравување на работата, „Brooks Brothers“ и претходно покажа дека не е во можност да се прилагодува на променливите трендови, вели Нил Сандерс, директор на компанијата „Global“.

Тој додава и дека кога станува збор за вкус и стил, „Brooks Brothers“ „пливале спроти плимата“, односно спротивно од трендовите. Тие во јуни предупредија дека ќе отпуштат 700 работници.

Компанијата во моментов разгледува различни стратешки опции, меѓу кои и евентуална продажба. Сопственикот е веќе во процес на затварање на 20 проценти од своите 250 продавници ширум Америка.

„Brooks Brothers“ ја отвори својата прва продавница во 1818 година во близина на „Wall street“.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот