Балканска националистичка битка преку океанот: Хрвати фрлиле српско знаме во клозет

фото: facebook/United Serbian Soccer Club

Ривалството помеѓу Србија и Хрватсkа постои и на другата страна од светот, во САД.

Екипата Обединети Срби (United Serbians) се наоѓа на добар пат да ја одбрани титулата во аматерската лига во Висконсин, САД откако во полуфиналето ги совладаа Хрватските орли со 5:2. Но, по натпреварот се случија немили сцени.

Имено, по завршување на средбата, хрватските фудбалери го фрлиле српското знаме во клозет и ги збеснаа српските фудбалери, пишува Мондо.
– Тие во тоалет го фрлија српското знаме кое го пронајдовме кога си заминаа. Кога губите имате право да се лутите, но треба да останете достоинствени, а тие не го сторија тоа. Овие години за Орлите играа некои млади фудбалери кои знаат што е фер-плеј – изјави фудбалерот и прв човек на Обединети Срби, Миле Север.

Хрватските фудбалери на крајот од натпреварот им честираа на противниците за триумфот, но не останаа да прославата по средбата која се играше пред 350 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот