Бајден сака да ги награди сите нововакцинирани Американци со 100 долари

Фото: EPA-EFE/JONATHAN ERNST / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден апелираше до властите на американските држави да ги наградат сите нововакцинирани граѓани со 100 долари, за да се зголеми стапката на имунизација, соопшти Министерството за финансии.

Во соопштението на министерството се наведува дека за таква иницијатива можат да се користат средствата од фондот од 350 милијарди долари наменет за властите за борба против последиците од пандемијата на ковид-19. Министерството истакна дека ќе пружи техничка помош за користење на тие фондови за да се поддржи поголема вакцинација, пренесува Ројтерс.

Бројот на случаи на ковид-19 расте заради високо заразниот Делта сој кој стана доминантна варијанта на вирусот во САД.

Во една недела бројот на новозаразени надмина 40.000, во споредба со 11.480 од 19 јуни, пишува „Вол стрит журнал“.

Министерството за финансии на САД истакнува дека ниту една задача не е поитна од запирање на пандемијата, а нема подобар начин за тоа од вакцинација.

Видео на денот