Бајден прима хормонска и зрачна терапија: Нова фаза во лекувањето од агресивен рак на простата

Низ нова фаза на лекување на агресивен облик на рак на простата со терапија со зрачење и со хормонска терапија периодов минува поранешниот претседател на САД Џозеф Бајден, соопшти вчера неговиот портпарол, објави NBC News.

Се очекува терапијата со зрачење да трае пет недели и претставува нова фаза во неговото лекување, додаде портпаролот.

Поранешниот претседател веќе прима хормонска терапија во форма на таблети.

„Во рамките на планот за лекување на рак на простата, претседателот Бајден моментно прима терапија со зрачење и хормонска терапија“, изјавил неговиот портпаролот.

Минатиот месец, Бајден беше подложен на третман на рак на кожа познат како Мохсова операција. Голем завој на неговото чело беше видлив за време на неговите јавни појавувања во тој период.

На поранешниот американски претседател Џозеф Бајден во мај му беше дијагностицирана агресивна форма на рак на простата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот