Бајден: Ќе има последици за полицајците кои ги нападнаа мигрантите

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден, кој деновиве беше критикуван од сите страни поради начинот на кој управува со мигрантската криза на јужната граница, денеска изјави дека полицајците снимени како ги напаѓаат мигрантите од Хаити, ќе сносат последици, пренесува Си-Ен-Ен.  

„Тоа беше срамно. Ви ветувам дека овие луѓе ќе платат за тоа, ќе спроведеме истрага и тие ќе ги сносат последици.Беше ужасно да се гледа како се третираат овие луѓе. Се согласувам дека јас сум тој што треба да ја преземе одговорноста“ изјави Бајден.

Неговата администрација беше критикувана од сите страни откако САД започнаа масовно протерување на Хаиќаните кои доаѓаат на јужната граница. 

На границата има десетици илјади мигранти 

Десетици илјади мигранти, претежно од Хаити, со недели се собираат во мексиканските градови Тапачулу, на границата со Гватемала и на границата со Тексас, каде што се изложени на топлите и нехигиенски услови.  

Левицата го обвинува Бајден за грубоста, а десницата за попустливоста, за која смета дека го поттикнува приливот на мигранти. Тензиите околу мигрантското прашање дополнително ескалираа во четвртокот, кога американскиот претставник на Хаити, Даниел Фут поднесе оставка, осудувајќи го со остро писмо „нечовечкото“ протерување на мигрантите. 

Нови проблеми за Бајден, мигрантите изградија свои кампови во Тексас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот