ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Гранична полиција во САД со камшици и коњи ги брка мигрантите

Американските службеници ги нападнаа мигрантите во Тексас/ Фото FELIX MARQUEZ / TANJUG/AP

САД ги зајакнаа напорите за отстранување на приливот на мигранти – претежно од Хаити – што го зафатија граничниот град Дел Рио во Тексас во текот на минатата недела, со фотографии и видеа кои во одредени кадри покажуваат агресивни тактики од агентите на граничната патрола, додека тие се обидуваат да ги избркаат мигрантите од веќе преполнетите импровизирани кампови, пренесува Форбс њуз.

Американските службеници ги нападнаа мигрантите во Тексас/ Фото FELIX MARQUEZ / TANJUG/AP

На социјалните мрежи се појавија неколку вознемирувачки видеа од настаните во близина на граничниот премин, по кои следуваа бурни реакции.

На видеата може да се види како службениците ги камшикуваат мигрантите, нешто што во САД буди вознемирувачки сеќавања.

По бурните реакции, се огласи и Белата куќа, чија портпаролка Џен Псаки беше запрашана дали оваа употреба на коњи и камшици, е „соодветна тактика“ во земја заснована на ропство.

Ги видов снимките. Немам целосен контекст. Не мислам дека секој што ќе го види тоа видео би помислил дека е прифатливо или соодветно, изјави Псаки.

 

Опишувајќи го инцидентот како „предизвикувачка и шокантна ситуација“, министерот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас и началникот на гранична патрола Раул Ортиз рекоа дека ќе ги разгледаат постапките на службениците на коњите кои на сликите може да се види како ги туркаат мигрантите и бегалците во реката, но тие првично рекоа дека не гледаат ништо лошо врз основа на фотографиите и снимките.

Исто така, Мајоркас издаде строго предупредување: „Ако илегално дојдете во Соединетите држави, ќе бидете вратени. Вашето патување ќе пропадне, ќе го загрозите вашиот живот и животот на вашето семејство “.

Американските службеници ги нападнаа мигрантите во Тексас/ Фото FELIX MARQUEZ / TANJUG/AP

Илјадници мигранти пристигнаа под мостот што ги поврзува градовите Дел Рио во Тексас и Акуна во Мексико, а тие веќе поставиле импровизиран камп, со што му нанесоа нова главоболка на американскиот претседател Џо Бајден со која тој ќе мора да се соочи.

Повеќе од 6.000 Хаиќани и други мигранти се отстранети од камп во пограничниот град Дел Рио, Тексас, изјавија во понеделникот некои американски официјални лица, бранејќи ги своите постапки, објави Гардијан.

Нови проблеми за Бајден, мигрантите изградија свои кампови во Тексас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот