Видео: Казнети граничарите кои камшикуваа имигранти, американскиот специјален пратеник поднесе оставка

Американските граничари, кои беа снимени како камшикуваат и бркаат имигранти од Хаити, преминувајќи ја реката Рио Гранде, се казнети и префрлени на работа во канцеларија

Тие повеќе нема да излегуваат на терен, потврдија е од Министерството за внатрешна безбедност.

Јавноста во САД и во целиот свет беше шокирана кога се појавија фотографии на кои се гледа како агенти на Граничната служба на коњи со камшици ловат исплашени мигранти, држејќи вреќи со храна во рацете, обидувајќи се да ја преминат реката.


Се проценува дека околу 14.600 имигранти од Хаити влегле во Тексас.

Повеќето од нив беа сметсени под мостот во градот Дел Рио со денови. Гувернерот Грег Абот потврди дека 8.600 од нив се уште се во градот, додека околу 1.000 се вратени на Хаити. Останатите беа ослободени со обврска да се појават на суд за имиграциски прашања во рок од 60 дена.

Во меѓувреме, американскиот специјален пратеник за Хаити, Даниел Фути, поднесе оставка во знак на протест поради депортацијата на бегалците од Хаити.

Одлуката на САД да испратат мигранти назад во земјата каде вооружените банди го контролираат секојдневниот живот е нехумана, наведе Фути во оставката.

Од почетокот на неделата, 1.401 мигрант се вратени на Хаити. Фути изјави дека Хаиќаните „едноставно не можат да го издржат наметнатиот прилив на стотици мигранти кои се враќаат без храна, засолниште и пари“ и предупреди дека Хаити се соочува со „неизбежна човечка трагедија“.

Многу Хаиќани ја напуштија земјата по катастрофалниот земјотрес во 2010 година, а голем број од оние кои останаа во камп во Тексас со високи температури, претходно живееја во Бразил или некоја друга јужноамериканска земја од каде се упатија на север во потрага по работа.

Оваа година Хаити го погодија повеќе несреќи – претседателот Јовенел Моис беше убиен во јули, а еден месец подоцна, островот беше погоден од разорниот земјотрес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот