Бајден: Граѓаните не треба да се плашат од нуклеарна војна

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Американските граѓани не треба да се плашат од нуклеарна војна, изјави вечерва американскиот претседател Џозеф Бајден, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин нареди руските сили за одвраќање, кои вклучуваат и нуклеарно оружје, да бидат ставени во состојба на висока готовност.

Додека Бајден заминувал од говорницата во Белата куќа, еден од американските новинари го прашал дали граѓаните на САД треба да бидат загрижени поради можноста за избивање нуклеарна војна, на што американскиот претседател одговорил „не”, пренесува Индипендент.

Претходно портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки изјави дека САД веруваат оти во овој момент нема причина да се промени нивото на нуклеарна подготвеност.

– Не го сменивме нашиот статус и оценка во тој поглед, но мораме да бидеме и внимателни поради заканите на Путин, истакна Псаки за MSNBC.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека нуклеарните сили и северната и пацифичката флота се во состојба на зголемена борбена готовност.

Бајден во текот на денот разговараше со американските сојузници и партнери, додека неименуван претставник на Белата куќа изјави дека нуклеарна војна никогаш не треба да се води, дека во неа нема победник и дека Путин ја ескалира ситуацијата со „опасна реторика”.

ВО ЖИВО | Продолжува конфликтот меѓу Русија и Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот