Бахами најпријатно изненадување: Познати сите учесници во олимписките квалификации

Фото: FIBA

Овој викенд станаа јасни и петте национални светски репрезентации кои обезбедија место во оние квалификации за летните Олимписки Игри во Париз 2024 година.

Победниците на петте турнири кои за прв пат ги реализираше ФИБА, се селекциите на Полска и на Хрватска (од Европа), потоа Камерун (Африка), Бахреин (Азија) и Бахами (Америка).

Се чини дека селекцијата на Бахами е најпријатното изнендување по одигрувањето на овие турнири. Но само за оние кои не ги следат случувањата во светската кошарка.

Мора да се земе в предвид дека за оваа репрезентација настапуваат дури тројца, и тоа како квалитетни играчи од НБА лигата како Диандре Ејтон, Бади Хил, и Ерик Гордон, предводени од селекторот Кристофер Демарко (асистент тренер во Голден стејт).

А токму Бахами беше двапати подобар од домаќинот на турнирот во Ла Банда. Во финалето „меч-винер“ беше токму Гордон, кој во финишот реализираше три од своите шест тројки (од седум обиди) во натпреварот на одлуката, во кој постигна 27.поени, а Бахами го доби со резултат (82:75).

Репрезентацијата на Бахреин излезе како победник на турнирот кој се играше во Дамаск (Сирија), благодарение, во голема мерка на нивниот лдиер Мустафа Рашед. Ги добија сите пет натпревари на турнирот на кој учесвуваа уште и репрезентациите на Саудиска Арабија, Индија, Казахстан, Индонезија и домаќинот – Сирија.

Камерун е најдобрата селекција од Африка на турнирот кој беше организиран во Лагос (Нигерија). Тие го победија Сенегал со (80:74), во големото финале, по заслуга на 19.поени кои дојдоа од Самир Гбетком, како и 14 асистенции на Џеремаја Хил.

Како што е познато, во Европа се играа два турнири. Освео но во Гљивице, се играш уште еден, во Истанбул.

Селекцијата на Полска е и единсвената која го потврди „домаќинството“, со пласман во олимписките квалификации откако во доста неизвесен меч, решечн буквално во последната минута, ја победија БиХ (76:72).

Уверлив настап на Босфорот имаше селекцијата на Хрватска. По подолго време „коцкастите“ покажаа игри како што тоа од нив и се очекуваат. Го потврдија успешниот настап со голема победа на домаќинот на овој собир Турција (84:71).

Блескаше Дарио Шариќ, стрелец на 22. поени, дополнети со 11.скока во натпревар во кој неговата екипа доминираше во најголем дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот