Баерн го избра тренерот за идната сезона

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Баерн Минхен се чини дека ја заврши потрагата по долгорочно решение за клупата, откако минатиот месец Нико Ковач доби отказ.

За привремен тренер е назначен Ханс Флик, помошникот на Ковач, кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната, а на лето ќе пристигне долгорочното решение на тренерската клупа.

Според пишувањето на „Билд“ во Баерн донесоа одлука за новиот тренер, планот е од следната сезона на клупата да седне Томас Тухел.

Според весникот, Тухел нема ништо против оваа идеја бидејќи доколку не успее да триумфира во Лигата на шампионите тогаш ќе добие отказ од ПСЖ. Сегашниот тренер Ханс Флик, ќе остане во првиот тим како помошник на Тухел.

Томас Тухел успеал да го победи Маурицио Покетино во трката за нов тренер на Баерн Минхен, само поради една причина, Аргентинец инсистирал со себе да ги донесе помошниците од Тотенхем и комплетно да го смени стручниот штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот