Баерн го избра наследникот на Робен

Баерн Минхен се чини конечно пронајде адекватна замена за легендарното дуо, Арјен Робен и Франк Рибери. Изборот падна на фудбалерот на Ајакс, Хаким Зијеш, кој до крајот на преодниот рок треба да потпише за германскиот тим.

Според холандскиот сајт „Бладна“ и германскиот весник „Билд“, висината на трансферот ќе изнесува 30 милиони евра, а мароканскиот репрезентативец трева да поптише петгодишен договор.

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ неодамна имаше средба со агентот на Зијеш, Мастафа Нахија на кој му ја презентира официјалната понуда за неговиот клиент, и според холандските медиуми, таа е прифтлива и за фудбалерот и за челниците на Ајакс.

Хаким Зијеш ја имаше најдобрата сезона во кариерата која ја заврши со двојна круна во Холандија, а секунди ги делеа него и Ајакс до пласман во финалето на Лигата на шампионите. Зијеш на 49 натпревари во минатата сезона имеше учинок од 21 постигнат гол и 24 асистенции.

Германскиот шампион се надева дека до крајот на преодниот рок ќе успее да оствари и уште еден трансфер, тој на Калум Хадсон Одои од Челси. Салихамиџиќ имал средба со челниците на Челси но неговата понуда од 25 милиони евра е неприфатлива иако младиот фудбалер има договор до крајот на наредната сезона. Се очекува Баерн да ја зголеми понудата за 10 милиони евра и за сума од 35 милиони евра да го комплетира трансферот на Хадсон Одои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот